Златан Ибрахимовиќ дефинитивно е човек од челик

Одличниот напаѓач имал тешка повреда на колено, никој не очекувал толку брзо да се врати, но… Успеал да ги демантира сите прогнози и заиграл фудбал во рекорден рок. Доктори од Универзитет во САД неможат да веруваат што се случило.

– Има колено како да не играл 20 години фудбал. Докторите рекле дека такво нешто никогаш не виделе. Тие го молат Златан кога ќе ја заврши кариерата да оди на испитување и да направат истражување – открил агентот на Ибро, Мино Рајола.

Како сега стојата работите, Златан нема така брзо да го остави фудбалот. Игра толку добро, што за него нема граница, а годините се само бројка.