Гинтер Фелингер, австриски експерт и советник од невладиниот сектор за побрза интеграција на земјите од Балкан во ЕУ и во НАТО, во интервју за ТВ Алфа, дава рецепти како би можел да се надмине спорот и ветото за макдонија што ги наметна Бугарија:

„Вие можете да направите неколку работи. Дозволете ми да сугерирам. Можете да ги промените вашите државни празници што се многу провокативни за Бугарија. Особено 23 октомври, денот на ВМРО. Тоа е многу проблематичен празник, кој неодамна почна да се празнува.

Другиот проблематичен празник е 11 Октомври, кој го славите како ден кога сте ги поразиле Бугарите. Тоа не е многу мудар наратив за една потенцијална современа членка на ЕУ.

Би ви предложил тоа да не бидат државни празници, туку да бидат празници на вашите партии, на СДСМ и ВМРО. Нека не се празнуваат како државни празници. Ако ѝ дадете аргументи на Германија и ако покажете малку посмирен став во однос на проблемите со идентитетот, тогаш на г. Хајко Мас и г. Рот ќе им биде полесно да се договорат со Бугарија“.