Каматната стапка на ниво од 0-0,25 oтсто е од кризата од 2008-ма година, што му овозможи на светот големи количини на евтин долар.

Членовите на Федералниот комитет на „Fed” за операции на отворен пазар (FOMC), сепак соопштија дека очекуваат каматната стапка до крајот на годината да биде зголемена.

„Развојот на настаните на светскиот економски и финансиски план, можеби помалку ја ограничи економската активност и веројатно е дека во блиска иднина ќе влијае на падот на инфлацијата”, наведува „FED”.

Во прогнозата која „FED” ја објави, покрај соопштението за каматната стапка, се наведува дека Управата ги следи случувањата во странство, што очигледно се однесува на неодамна забавениот раст на кинеската економија.

Членовите на „FOMC” два дена разгледуваат дали да ја зголемат каматната стапка за прв пат во последниве девет години, што би било исчекор од нивната екстремно лабава политика кога станува збор за тоа, а која датира од финансиската криза од 2008-ма година.