x

Федерер со револуционерна идеја: Да ги споиме АТП и ВТА во едно тело

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер денес предложи обединувањето на професионалните здруженија н атенисерите и тенисерките (АТП и ВТА).

„Се прашувам … Дали сум единствениот што мисли дека сега е време машкиот и женскиот тенис да се обединат и да бидат заедно“, напиша Федерер на својот профил на Твитер, предизвикувајќи мноштво реакции.

Тој истакна дека не размислува за спојување на натпревари на теренот, туку за спојување на двете раководни тела.

„Премногу е збунувачко за навивачите кога има различни системи за рангирање, различни категории на турнири. Веројатно ова требаше да се случи пред многу време, но можеби сега е навистина време. Овие се тешки времиња за сите спортови и можеме да излеземе од ова со две ослабени организации или една силна“, напишаа Швајцарецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата