– Да бидам искрен, не размислувам да заминам во пензија затоа што колку повеќе размислувам толку сум поблиску до пензијата, изјави Федерер и прокоментира за неговиот настап на последниот турнир во Хале и очекувањата на Вимблдон.

-Титулата во Хале ми даде поголема самодоверба и се надевам дека ќе освојам и овде. Сметам дека ги имав најдобрите подготовки досега и дека шансите да освојам трофеј се доста големи. Но, не го сметам само јас тоа, туку и останатите тенисери, затоа што имавме една седмица одмор повеќе оваа година за разлика од претходните години, заклучи искусниот тенисер.

Најголема конкуренција на Федерер за освојување на осмата титула на Вимблдон му е Србинот Новак Ѓоковиќ, кој воедно е бранител на пехарот, како и Британецот Енди Мареј, кој е миленик на домашната публика. Новак, веќе го мина првото коло, откако го совлада Германецот Филип Колшрајбер со 6:4,6:4, 6:4.