На идентичен начин почна и Рафаел Надал кој го совлада Томас Белучи, а во женска конкуренција доминација на сртартот покажа и бранителката на титулата од лани, Петра Квитова од Чешка. Таа со 2:0 во сетови беше подобра од холандската тенисерка Кики Бертенс.

Во следното коло се пласираа и Виктор Троицки, Андреас Сепи, Иво Карловиќ, како и Жо Вилфрид Цонга, на кој му беа потребни пет сета за триумф против Жил Милер од Луксембург.

Победи на стартот во женска конкуренција забележаа уште Анжелик Кербер, Кејси Делаква и Евгенија Родина.