x

Федерер и Серена се највлијателни личности во светскиот тенис

Францускиот весник „Л’Екип“ го прогласи Рожер Федерер за највлијателна фигура во светскиот тенис. По него, во женска конкуренција ова признание оди во рацете на Американката Серена Вилијамс, која патем е рангирана на второто место на севкупната листа која ја објави весникот.

На третото место е Србинот Новак Ѓоковиќ кој во својата досегашна кариера е сопственик на 17 титули од Грен слем турнирите. Шпанецот Рафаел Надал, се најде на четвртото место.

Топ 5 листата на највлијателни светски луѓе во светот на тенисот, ја заокружува првиот човек на Австралиската тениска асоцијација, Крег Тили.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата