Најдобриот светски тенисер, Швајцарецот Роже Федерер, годинава освои само два турнира и дефинитивно се наоѓа во играчка и резултатска криза.

Прв за тоа плати неговиот тренер Тони Роуч. Тој ја раскина соработката со него само две недели пред стартот на Ролан Гарос, иако Федерер истакнува дека одлуката е донесена договорно. Роуч кој претходно соработуваше со Лендел и Рафтер го тренираше Швајцарецот во последните две сезони.

– Му се заблагодарувам на Тони, на неговиот труд и благодарен сум што редовно доаѓаше од далечната Австралија да ме тренира, вели Роже Федерер.

Најдобриот тенисер на светот веднаш нема да побара нов тренер, а на Ролан Гарос ќе настапи самостојно. Титулата во Париз е единствениот грен слем трофеј кој му недостасува во неговата исклучително плодна кариера.