Долгогодишниот сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп и поранешен советник во кампањата, Роџер Стоун, бил во директна комуникација со основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покажуваат документи од ФБИ, пренесува „Спутник“.

Документите укажуваат на степенот на контакти меѓу Стоун и Асанж за време на изборната кампања во 2016 година, кога „Викиликс“ ги објави електронските пораки на тогашната кандидатка за претседател на демократите, Хилари Клинтон.

Конкретно, Стоун наводно рекол во порака на „Твитер“ во 2017 година дека проблемот е сè уште глупост и дека како новинар не е важно каде добивате информации сè додека се тие точни и автентични.

„Ако владата на САД те нападне, ќе ја урнам целата куќа од карти. Со откажаните обвиненија за сексуален напад не знам за какво дело треба да те помилуваат – со почит. Р “, напишал Стоун, според транскриптот на пораката наведена во налогот за претрес.

Асанж одговорил наводно посочувајќи на ЦИА и на Министерството за правда на САД .

„ЦИА и Министерството за правда прават многу. Од Министерството за правда најсилно напаѓаат оние што се опседнати со соборување на Трамп, обидувајќи се да нè принудат на договор“, истакнал Асанж, по што Стоун рекол дека прави сé што може за решавање на проблемите на највисоко ниво на влада.

Стоун очигледно зборувал за истрагата за обвиненијата за сексуален напад против Асанж, кои на крај беа отфрлени од шведските власти бидејќи основачот на „Викиликс“ беше во азил во еквадорската амбасада во Лондон. Азилот му беше одземен и тој беше уапсен од британската полиција во 2019 година.

ФБИ ги објави документите за наводната комуникација Стоун-Асанж откако Трамп минатата недела остро го критикуваше неодобрувањето ново судење за неговиот поранешен политички помошничка, нарекувајќи ја ситуацијата срамна. Изјавата следеше откако ПОТУС повторно објави твит со кој се побара Стоун да биде помилуван.

Забелешките на Трамп следуваа откако Стоун во февруари беше осуден на 3,4 години затвор, откако беше прогласен за виновен по најмалку седум точки од обвинението.

Меѓу другото, тој беше обвинет за лажење на  Конгресот за комуникацијата со Викиликс во неговото сведочење во 2017 година пред  Комитетот за разузнавање на претставничкиот дом, и предизвикување опструкции и обработување на сведоците во врска со т.н. истрага „Рашагејт“ на поранешниот специјален советник  Роберт Милер.

По две години, истрагата за наводно руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година во извештајот на Милер заврши минатата година со заклучок дека нема доволно докази за каков било дослух меѓу Трамп и Москва.

Стоун, од своја страна, повеќе пати ја негираше својата вина и ја опиша својата казна затвор како смртна казна, велејќи: „Имам 67 години. Имав многу, многу тешка астма како дете. Ако го погледнете профилот на оние што најмногу изложени на ризик, мислам дека одговарам.“

извор: Makfax