Ова е мој прв Ф4, но се надевам дека нема да ми биде и последен. Голема чест ми е што ќе бидам во можност да му помогнам на мојот тим и се надевам на пласман во големото финале. Што се однесува до Фенер, тоа е одличен тим со врвни кошаркари. Сигурен сум дека ќе биде тежок натпревар, изјави Дончич.

Инаку, Лука во 2015 година ја освои шампионската титула во јуниорската Евролига, во истата година кога екипата на Реал Мадрид се искачи на врвот во Европа.