„Фајзер“ и „Модерна“ ги тестираат своите вакцини против Ковид-19 за новата верзија на вирусот што брзо се шири и се појави во Велика Британија, објави денес „Си-ен-ен“.

„Модерна“ очекува дека нејзината вакцина ќе ги заштити луѓето од новата варијанта на вирусот и ќе изврши повеќе тестови со цел да го потврди тоа во наредните недели, се наведува во соопштението на компанијата проследено до „Си-ен-ен“, пренесе „Ројтерс“.

„Фајзер“ рече дека генерира податоци за тоа колку добро примероците од крв на луѓе имунизирани со неговата вакцина можат да го неутрализираат новиот вид од Велика Британија, се вели во извештајот.

Откривањето на нова варијанта на коронавирусот предизвика нов бран паника, пред сè затоа што се пренесува 40-70 проценти побрзо.

Научниците изјавија дека нема докази дека вакцините од „Фајзер“ и „Бајонтек“ или други производители нема да ги заштитат луѓето од новата варијанта на коронавирус.

 

извор: Makfax