Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека долгорочните последици од инфекцијата на „Ковид-19“ се навистина болни, особено кај младите.

– Младите луѓе, кои инаку се здрави, и кои имаат коронавирус и немаат потреба од хоспитализација, ги одложуваат симптомите со недели, а понекогаш и со месеци – рече Фаучи на брифингот на Американското здружение за микробиологија.

Тој посочи дека последователните прегледи покажуваат дека многу од нив имаат кардиоваскуларни нарушувања, како и докази за миокардитис и кардиомиопатија.

Тој зборуваше и за вакцината за која оцени дека таа нема да биде целосно ефикасна.

Фаучи истакнал дека шансите вакцината против коронавирус да биде стопроцентно ефикасна се мали.

– Не знаеме колку ќе биде ефикасна, дали ќе биде 50 или 60 проценти. Би сакал ефикасноста да биде 75 проценти или повеќе – рекол Фаучи.

Тој нагласил дека концептот на јавното здравство никогаш не смее да биде напуштен бидејќи е невозможно да се развие вакцина која е ефикасна до 98 проценти.