Новиот вид Ковид-19, потврден во неколку случаи во Велика Британија, веројатно е веќе присутен во САД, изјави водечкиот американски виролог Ентони Фаучи.

„Треба да претпоставите дека, кога ќе видите дека тоа е доста распространето во земја како Велика Британија, има и мутации што ги гледаме во Јужна Африка, а со оглед на патувањата низ целиот свет, не би бил изненаден ако е веќе тука“, рече Фаучи, пренесува „Си-ен-ен“.

Тој исто така посочи дека веројатно новиот вид Ковид-19 ќе биде најден во САД „веднаш штом почнеме да го бараме“.

извор: Makfax