Британските здравствени регулатори кои ја одобрија вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19 не ги проучиле податоците од испитувањето толку внимателно, тврди Ентони Фаучи.

Фаучи, кој е водечки американски епидемиолог, вели дека Велика Британија не била толку внимателна во испитувањето, како што направи американската Администрација за храна и лекови (ФДА) во својот преглед.

„Начинот на кој го прави нашата ФДА е вистинскиот начин“, рече Фаучи во интервју за „Фокс њуз“.

„Навистина многу внимателно ги испитуваме податоците за да и гарантираме на американската јавност дека ова е безбедна и ефикасна вакцина“, рече тој.

Тој изрази страв дека во спротивно тие ќе придонесат за веќе постоечко двоумење на многу луѓе да примат вакцина затоа што се загрижени за безбедноста или се загрижени затоа што започнавме премногу брзо, пренесува „Си-ен-ен“.

Фаучи рече дека е важно Американците да имаат позитивно чувство кон потенцијалната вакцина против Ковид-19.

„Имаме златен стандард за регулаторен пристап со ФДА. Велика Британија не го стори тоа толку внимателно и ги забрза работите за неколку дена”, рече тој.

извор: Makfax