x

Фати го повреди коленото, сите чекаат што ќе кажат лекарите

ansu-fati-koleno

Ансу Фати има руптура на менискус на левото колено. Како што потврдија од клубот, младиот голгетер на каталонците с еповреди на денешната средба со Бетис, која Барса ја доби со убедливи 5:2.

Официјално соопштение во кое не е определен периодот на рехабилитација и начинот на кој ќе биде третирана повредата на Фати, вели дека во наредните денови ќе се знаат повеќе детали. Куман уште на прес-конференцијата по натпреварот изјави дека го сменил младиот напаѓач поради непријатност, но не сакаше да навлегува во детали.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата