Власта утрово се обидува да сокрие случај на поткупување на гласачи и непочитување на полициски час кој полициските службеници го констатирале на територија на општина Струмица.

Полициски извори од СВР Струмица утрово за медиумите брифираат дека настан во кој се приведени неколку лица кои се блиски до СДСМ по секоја цена треба да биде сокриен и да на биде евидентиран во полицискиот билтен.

Изворите информираат дека станува збор за еклатантно кршење на законите во кој е констатирана злоупотреба на полициските дозволи и за неговото прикривање интервенирале бизнис моќници од Струмица кои се блиски до партијата на власт.

Неофицијално, во моментов се врши притисок врз полициските службеници да вршат промена на записниците каде е констатиран пропустот, а за случајот е запознаен и врвот на МВР кој е близок до СДСМ.

Нашата редакција испрати прашања до СВР Струмица со цел целосно расчистување на случајот.