Кај маж од Штип (43) пронајдени се две возила кои во текот на вчерашниот ден биле украдени.

Како што јави МВР се работи за кражба на патничко возило „фолксваген поло“, кое било паркирано на ул.„Маршал Тито“ во Штип и патничко возило „голф“.

Од полицијата информираат дека возилата се вратени кај сопствениците, а по документирање на случајот против крадецот ќе биде поднесена кривична пријава.

извор: Makfax