Скопската полиција во вторникот лоцирала и уапсил жител на градот кој бил баран со потерница заради издржување на неколку годишна затворска казна, соопшти МВР. Станува збор за Златен С. (59) по кого Кривичииот суд распишал потерница, бидејќи имал правосилна пресуда за издржување на три и полгодишна затворска казна поради сторено злосторничко здружување и прикривање.
Веднаш по апсењето тој бил префрлен во затворот “Скопје” во населбата Шуто Оризари.