Кавадаречката полиција за само неколку часа успеала да го идентификува разбојникот кој упадна во тобако продавница и зема околу 600 евра од касата, соопшти МВР. Станува збор за Б.К. (42) против кого вчера била поднесена кривична пријава за разбојништво, но нема информации дали тој е приведен и дали истражен судија му одредил притвор.
Како што веќе информиравме разбојништвото се случи во понеделникот околу 3 часот во тобако продавницата “Браво Нутс” која се наоѓа на улицата Пано Мударов. Разбојникот упаднал внатре држејќи нож во раката и и се заканил на вработената, дваесет и седумгодишна девојка од градот, дека ќе ја убие ако не му ги даде сите пари од касата. Таа преплашена од заканите, без размислување го послушала и му дала 36 илјади денари, колку што имало дневен промет.