Вчеравечер во 19 часот од полициски службеници од СВР Скопје, на крстосница на ул.„Цветан Димов“ со ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, за време на ограничено движење, биле приведени Џ.А.(39) од с.Мојанци, Скопско, и П.И.(26) од Скопје, кои агресивно се однесувале кон полициски службеници. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.