На 17.07.2020 околу 23:15 часот на регионален пат с.Давидово – Гевгелија, полициски службеници запреле патничко возило „цитроен“ со српски национални ознаки, управувано од С.С.(35) од Врање, Р. Србија.

При преглед во возилото биле пронајдени 12 мигранти од Сирија.

Возачот С.С. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се работи на расчистување на настанот.