Хрватската полиција соопшти дека кај местото Ланишиќ во Истра, во близина на словенечката граница, во комби, открла и привела 24 државјани на Албанија и четворица државјани на Србија. Полицијата е во потрага по организаторот на транспортот на имигрантите. Со истрагата е утврдено дека имигрантите за 2.500 до 3.500 евра по лице биле презедени од Косово, со крајна цел противзаконско префрлање во Италија.