Тројца тетовци и скопјанец се приведени додека пишувале партиски графити. Полицијата ги затекнала тетовците и скопјанецот на автопатот Тетово – Скопје. Вчера во 1,10 часот на автопатот Тетово – Скопје во близина на подвозникот кај село Добарце полицијата извршила контрола на паркирано возуило фиат добло” со тетовски регистерски ознаки, сопственост на Д.В. Возилото го паркирал С.Т. (38), кој бил во друштво на Џ.Л. (29), З.Т. (41), сите од Тетово, и Д.И. (19) од скопското село Волково. Во возилото биле пронајдени седум спрејови во црна боја и една канта жолта боја за бојосување. Со спрејот и бојата лицата пишувале партиски графити: Обединети за слобода или слободаа.