x

Фарфан жестоко реагираше на намалувањето на платата, а потоа се „правдаше“ дека се шегувал

Перуанскиот фудбалер Џеферсон Фарфан кој игра за Локомотив Москва, најпрво жестоко реагираше за намалувањето на платата, а потоа се извини за истиот гест.

Откако му дале да потпише документ за намалување на платата, Перунаецот реагираше жестоко.

„Ми дадоа некој документ да потпишам, не знаев дека е за 40% намалена плата. Беше на руски јазик. Ме измамија. Нема да дозволам никој да си игра со моите пари“, рече Фарфан во разговорот во живо со фановите.

Сепак, неколку часа подоцна се извини и истакна дека станува збор за недоразбирање.

„За жал, погрешно беше протолкуван еден мој коментар што го дадов како шега. Од многуте шеги, испадна дека не се согласувам со намалувањето на платата, иако тоа беше претходно договорено“, истакна потоа перуанскиот играч.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата