Неколку млади активисти на Општина Тетово поставија импровизирани автобуси пред постојките за чекање автобуси што општината ги постави пред неколку дена, на овој начин, тие имаат намера да дадат порака. Потсетуваме, дека фактот што во Тетово нема автобуси, но беа поставени автобуски постојки, предизвика реакција кај граѓаните кои постојано иронизираат со овој факт, пишува Порталб.мк.

Токму затоа што во Тетово нема автобуси, но поставени се автобуски постојки, овие млади иронизираат потенцирајќи дека „фантомските-афтобуси“ ќе им служат на граѓаните се до вистинското решавање на проблемот.

Ги поставивме овие фантомски-автобуси, и се надеваме дека тие ќе им служат на граѓаните на Општина Тетово до конечното решавање на овој процес, велат младите активисти.

Акција “Заштити се и заштити ги другите!” е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Извор: Порталб