x

Фантастично: Ова се новите “гостински“ дресови на Реал Мадрид!

Во јавноста протекоа фотографиите од новите дресови на Реал Мадрид за сезоната 2020/2021. Опрема која “кралевите“ ќе ја користат кога ќе играат на гостински терен.

Јасно е дека традицинално белата боја е кога ќе бидат домаќини, а розевата за на гости. Секако дека и со розева боја дресовите на Рел Мадрид се фантастични, супер изгледаат. Деталите, како грбот и рекламата, се со нагласена темно сина боја, а од страна ги има тие трите ленти на „Адидас“.

Ако се навратиме малку кон минатото, ќе се потсетиме дека и во сезоната 2014/2015 “кралевите“ носеа дресови со розева боја кога играа како гости.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата