x

Фантастично: Бројките на Баерн по “Дер Класикер“!

klasiker

Синоќа се одигра најголемото дерби во Бундеслигата, мечот меѓу Борусија и Баерн, и тоа во Дортмунд на „Сигнал Идуна Парк“. И како по обичај во последно време, “баварците“ победија и тоа со 3:2. Интересни е бројките врзани за европскиот и германски шампион по ова “Дер Класикер“.

Имено ова беше четврта победа на Баерн Минхен на последните четири меѓусебни меча. Значи Дортмунд одамна не знае за радост против најдобриот тим во Европа, а тоа беше минатата година и тоа во Суперкупот на Германија.

Роберт Левандовски одново беше стрелец за Баерн, и одново против својот некогашен клуб. Тој на 17 мечеви против Борусија Дортмунд успеал да постигне дури 13 голови. За Лева ова беше 300 меч за Баерн во сите конкуренции, а на сите нив стрелал во 259 наврати.

Импресивно.

Давид Алаба, кој одби да го продолжи договорот со “баварците“ вчера го одигра својот 272 меч и дојде до 200-тата победа во својата кариера за Баерн.

Се разбира дека не смееме да го заборавиме тренерот Ханси Флик. Ова беше негов 49 меч како тренер на оваа екипа и вкупно 45-та победа. Зарем може ли подобро. Под негово водство Баерн ги освои Бундеслигата, Лигата на Шампионите, Суперкупот на Германија, Суперкупот на Европа и Купот на Германија.

Фантастично.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата