x

Фантастичен договор: Јанис за пет години во Милвоки ќе земе 228 милиони долари!

janis-adetokumbo

Готово е. Јанис Адетокумбо и во наредните пет сезони ќе го носи дресот на Милвоки Бакс во НБА лигата. Грчкиот кошаркар кој покрај Леброн Џејмс, важи за најдобриот кошаркар во најквалитетна лига во светот, денеска потпишал нов, петгодишен договор со Бакси, вреден дури 228 милиони долари или по сезона по 45,6 милиони долари.

Ова е мојот дом и мојот град. Благословен сум што ќе бидам дел од Милвоки Бакс и во наредните пет години. Ајде сега да направиме нешто во тие пет годин. Шоуто продолжува“објави Адетокумбо на социјалните мрежи.

Инаку во изминатиот период се шпекулираше дека Јанис ќе се пресели и во ЛА Лејкерс кај Леброн, но сепак 228 милиони долари не се за фрлање.

Јасно е дека со едно или две засилувања, и со Јанис во тимот, Милвоки Бакс ќе биде еден од најсериозните кандидати за освојување на НБА лигата во претстојната 2020/21 сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата