x

Фановите одлучија: Велкоски е играч на деценијата на Сараево!

Според фановите на „бордо тимот“ од „Кошево“, Македонецот Крсте Велкоски е најдобриот играч на деценијата на НК Сараево.

Имено синоќа заврши гласањето на сајтот bordoboja.ba, кое траеше неколку недели, и на него победи нашиот репрезентативец. Секако дека ова е голема чест, да си најдобар фудбалер во последната деценија на најголемиот клуб во БиХ и да си во друштво на еден Асим Ферхатовиќ, Сафет Сушиќ и останатите легендарни играчи на овој клуб, кои во минатото беа прогласувани за најдобри во пооделни декади.

Крсте Велкоски за Сараево досега одигра 173 натпревари, беше стрелец на 59 голови, а впиша и 36 асистенции. Да споменеме дека веќе една година Македонецот е и капитен на Сараево.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата