x

Фановите на Рајо поделени околу тоа дали Димитриевски треба да си оди!

dimitrievski-e1591810090190

Столе Димитриевски, нашиот најдобар голман и репрезентативец, е пред трансфер во Хетафе, иако има понуди и од други шпански, но и италијански клубови. Сепак за тоа дали ќе замине секако дека се прашува самиот Рајо Ваљекано, со кого Македонецот има важечки договор до 2023.

Верјатно да го чуе и мислењето на фановите, дали треба Столе да си замине или не, организирана беше анкета во медиумите кои го следат Рајо.

Интересно на неа резултатите беа 51% да си оди, но под услов Рајо да добие соодветна отштета. Додека 49% беа нашиот најдобар голман и натаму да остане по секоја цена во Рајо Ваљекано.

Ќе се сложите дека резултатите од анкетата се интересни.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата