Проблемот со акредитациите на евровизиските фанови, дефинитивно, е решен. По препорака на Кати Еланди од ЕБУ, шефот на македонската делегација Иван С. Мирчевски во Киев ги потпиша барањата за акредитации на трите члена од ОГАЕ, кои ќе патуваат на “Евросонгот”. Од оваа година ЕБУ, поради преголемиот интерес, дозволува само по десет акредитации за евровизиските клубови од секоја земја, правило кое во иднина мора да се почитува и од наша страна.