x

Фали Рамадани е во Манчестер за да ги договори деталите од трансферот на Кулибали во Сити

рамадани-кулибали

Манчестер Сити и натаму е убеден дека ќе потпише со Калиду Кулибали од Наполи за сума од 75 милиони фунти, па затоа преговара со фудбалерот и неговиот агент без директен контакт со неговиот клуб, тврди „Дејли Стар“. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, сака да ја засили одбраната и Сенегалецот се смета за негова главна трансфер цел.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, минатата недела призна дека проблемите меѓу двата клуба ќе го отежнат Кулибали на пат кон Манчестер Сити, но Гвардиола му порача на претседателот на Сити, Халдун ал-Мубарак, да стори се што е потребно за да го донесе 29-годишниот централен дефанзивец. Шефовите на Сити му наложиле на агентот на Кулибали, Фали Рамадами, да дејствува како посредник во обид да издејствува договор што ќе го направи еден од најскапите дефанзивци во светскиот фудбал. Рамадани отпатува во Манчестер на финална рунда преговори.

Оваа недела се очекува тој да отпатува и во Неапол за да се сретне со Де Лаурентис, во надеж дека ќе ја прифати понудата на „небесносините“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата