x

Фазлагиќ: Најпрво одам во Жилина па ќе видиме што понатаму

Македонскиот младински репрезентативец Енис Фазлагиќ ги минува овие „корона“ денови во домашни услови како што и треба, напорно тренира и чека абер што се вели од неговиот клуб Жилина.

Околу овој клуб периодов се напиша многу, од тоа дека згаснува, дека банкротира, дека го напуштаат сите. Нас нормално не интересира Жилина како клуб единствено поради Фазлагиќ.

„Благодарам што ете се сетивте и на мене во овие моменти. Тука сум во Македонија, тренирам индивидуално, чекам разврска на ситуацијата како и сите. Она што можам да ви го кажам како вест што се однесува до мене е тоа што Жилина, мојот клуб веќе почна да тренира во помали групи. Јас планирам, доколку се биде во ред секако, да заминам за Словачка следната недела некаде, па ќе продолжам таму да тренирам„ – вели Фазлагиќ за Спортмедиа.

На прашањето дали дефинитивно останува во Жилина, и каков е неговиот статус во моментов тој вели.

„Имам договор уште две години. Не е се вистина како што се пишуваше изминатиот период за клубот. Не дека ситуацијата е сјајна, дел од играчите веќе си заминаа, дел најавуваат заминување. Што се однесува до мене, јас ќе мора да заминам таму, да ја проценам ситуацијата што се вели на лице место, да разговарам па потоа ќе одлучам што и како понатаму. Ако нема друго, ќе побарам и јас друга опција ќе видиме“ – вели Фазлагиќ.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата