x

Фавре по отказот: Ова е срамота, и натаму сметав дека можевме да имаме успешна сезона

favre

За Лусиен Фавре, отказот од Борусија Дортмунд е срамен чин од раководството. Сепак, се чини, дека и играчите вмешале прсти кога се случувал отказот за Швајцарецот кој доби „шут карта“ после убедливиот пораз од Штутгарт на домашен терен со 1:5.

„Ова е срамота. И натаму верував дека можеме да имаме успешна сезона“, рече Фавре.

Сепак, грешките кои константно ги правеше Фавре му го донесоа отказот од клупата на Борусија. Тој не ги слушаше играчите, а се шпекулира дека немал добра комуникација и со раководството на клубот.

Неговото место го превзеде младиот Един Терзиќ, кој што вчера дебитираше со победа над Вердер со 1:2, и колку толку ја врати атмосферата во тимот. Следното коло Дортмунд оди на гости кај Унион Берлин.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата