Фабриката за преработка на месо „Каргил“, која се наоѓа јужно од Монтреал, ќе биде привремено затворена, откако најмалку 64 вработени биле тестирани позитивни на Ковид-19.

Ова е втор пат компанијата да ја доживее епидемијата во еден од своите објекти во Канада.

„Каргил“ соопштила дека 64 вработени претставуваат 13 проценти од вкупната работна сила во фабриката.

Квебек вчера го надмина прагот од 37.000 случаи на Ковид-19, додека уште 142 лица починале, а во саботата бил забележан 61 смртен случај.

Многумина во владата на премиерот Џастин Трудо сметаат дека повторното отворање на Квебек се одвива пребрзо и стравуваат дека владата ќе мора да продолжи со програмата за финансиска помош, ако се случи втор бран на коронавирусот во Квебек.

извор: Makfax