x

Ујпешт го бара „новиот Енис Барди“

vardar-renova-najava-1

Интересот за Стефан Јевтоски од Ујпешт е нешто кое покажува дека унгарскиот тим го бара новиот „Енис Барди“. Барди се покажа како успешен експеримент за тимот од Унгарија, кој го зема практично за ситно, а го продаде за 1,5 милиони на Леванте, кој, пак, сега може десекратно повеќе да заработи од негово евентуално заминување.

Исто така во опција е и Филип Најдоски, играч на Вардар кој е слободен играч, после ситуацијата со Вардар.

Покрај овие двајца, Ујпешт се интересира и за Матеј Цветаноски. За Цветаноски има интерес и од Израел.

Енис Барди е човекот кој отвори врата во Ујпешт за Македонците. Таму игра Кире Ристевски, а во минатото беа дел и Виктор Ангелов и Ремзифаик Селмани.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата