x

Уште ова му требаше на ПСЖ: Се повреди Томас Тухел

tuhel

Бизарна ситуација во редовите на ПСЖ се случула на синоќешниот тренинг на францускиот првак. Тренерот на „светците“, Томас Тухел се повредил, не само што го истегнал глуждот на левата нога, туку и ја скршил метатарзалната коска во стапалото.

Ова е нова повреда во редовите на ПСЖ по Килијан Мбапе и Марко Верати.

Но, за разлика од двајцата фудбалери Тухел нема да има проблем да се најде покрај теренот, останува да видиме дали во вистинско време ќе се опорават двајцата играчи и ќе настапат против Аталанта во Лигата на шампионите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата