x

Уште ова лето за нас Лига на Европа, од следното Конференциска Лига!

konferenciska-liga

Она што УЕФА го најави пред неколку месеци, од пред неколку недели и го официјализира. Имено од сезоната 2021/2022 се воведува ново, трет по ранг европско натпреварување или Конференциска лига.

СПОРТМЕДИА потсетува во овие моменти со оглед на тоа дека веќе следниот викенд стартува новата сезона во ПМФЛ, а клубовите и тоа како ќе ги тангира ова ново европско натпреварување во кое ќе учествуваат навистина неатрактивни екипи.

Пред стартот на новата сезона треба да се знае дека првакот во ПМФЛ добива многу, најмногу. Тој и како порано ќе учествува во квалификациите во Лигата на Шампионите. Во случај да испадне во првата рунда тогаш и тој се сели во 2.квалификациско коло во Конференециската лига. Во случај пак да испадне во втората или третата рунда во ЛШ тогаш ќе оди во 3.квалификациско коло во ЛЕ или плеј-офот во ЛЕ. Во случај пак да испадне од плеј – офот во ЛЕ тогаш ќе оди директно во групната фаза во Конференциската лига.

Оние наши екипи кои досега стартуваа од 1.квалификациско коло во ЛЕ, втората и третата од ПМФЛ и освојувачот на купот, следното лето ќе се најдат во 1.квалификациско коло во Конференциската лига.

Значи ние во догледно време, освен шампионот, нема да можеме да ја “помирисаме“ Лигата на Европа.

Се разира дека ова е лошо за нас, но кој ни е виновен што нашите клубови, посебно лани, не можат да минат барем едно коло. Поминаа тие златни времиња кога Работнички и Шкендија како од шега минуваа до плеј – офот, а Вардар пак играше во групната фаза во Лигата на Европа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата