x

Уште не почнати, веќе мораше да одложат еден меч

Натпреварот од романското првенство меѓу Динамо Букурешт и Тарговиште е одложен откако официјален претставник на домашниот тим има позитивен тест за коронавирус, соопшти локалната професионална лига.

Ова е прв случај на заразен во романскиот фудбал. Натпреварот требаше да се одигра во сабота, во рамките на плеј-офот по одиграни 26 кола од регуларната сезона. Натпреварите на Динамо ќе бидат одложени до крајот на епидемиолошката истрага.

Сезоната во Романија ќе започне во петок.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата