Во тек е спасувачка операција за извлекување на преостанатите осум момчиња и нивниот тренер од пештерата, потврдија официјални лица, а пренесе „Гардијан“. Според информациите, нуркачите влегле во пештерата, а се очекува следното момче да го извлечат за околу четири часа.

Запрашан за тоа кои момчиња ќе бидат извлечени најпрво, предводникот на акцијата соопштил дека прво се извлекуваат тие што се најподготвени за тоа.

Во спасувачката мисија вчера беа спасени четири од дванаесетте деца. Младите фудбалери на возраст од 11 до 16 години заедно со нивниот тренер се заглавени во пештерата од 23 јуни.

извор: Makfax