Ракометната федерација на Македонија и натаму продолжува да биде вистински поддржувач на клубовите. Во време на пандемија коронавирус кога речиси сите се соочуваат со финансиски проблеми, а сакаат да бидат на спортската сцена, потребна е помош. Истата доаѓа од РФМ, клубовите денеска добија известување во кое се вели дека котизацијата за оваа сезона е укината, и дека тесотивте за Ковид-19 ќе „паднат“ на товар на федерацијата.
Во целост ви ги пренесуваме одлуките на ОУ на РФМ.
-Се задолжува Комесарот за натпреварување г-дин Славе Николов во кординација со учесниците во системот на натпревари да го моделираат календарот согласно предлогот од медицинскиот партнер 8ми септември за сезона 2020/21 (во прилог дописот од ЈЗУ 8ми септември) ;
-Врска задолжителното тестирање на учесниците во системот на натпревари за детекција на вирусот Сарс2 Ковид – 19 согласно протоколот усвоен трошоците за тестирање ќе бидат на товар на РФМ, тестирањето ке се врши во ЈЗУ 8ми септември ;
-Обврската која произлегува од протоколот за заштита и превенција (Сл. Весник на РСМ број 208 од 26.08.2020 година) за задолжителна изјава (во прилог – изјава) обврска за секој учесник да ја пополни пред почетокот на националното првенство сезона 2020/21 и да именува ковид-координатор од страна на клубот најдоцна до 03.09.2020 г. и да се достави во електронска форма на [email protected] ;
-Согласно дописот добиен од Генерален координативен кризен штаб при Влада на Република Северна Македонија (во прилог) каде се задолжува РФМ да врши засилени редовни и вонредни надзори за примена и спроведување на протоколот. Именувани се следните лица за надзор : 1. Славе Николов (координатор) 2. Камер Металари 3. Левче Китевски 4. Гино Стрезовски.
-Се укинува котизацијата за клубовите учесници во Супер Лига за натпреварувачка сезона 2020/21 ;