x

Уште една “жртва“ на Ковид-19: Се гасне клуб со 141 годишна традиција!

По Жилина и Локерен, деновиве во Европа, како последица на пандемијата со коронавирусот, уште еден клуб прогласи банкрот и постои голема опасност да згасне. Тоа е Рил, клуб од Велс кој зад себе има богата, дури 141 годишна традиција.

Клубот долгува “само“ 175.000 фунти, но поради коронавирусот нема никакви приходи и затоа е во големи проблеми. Фановите на овој некогашен, двен шампион на Велс, најавуваат дека планираат да создадат нов клуб, со цел да продолжи фудбалската традиција во нивниот град кој брои 25.000 жители.

Инаку Рил е познат како противник на Партизан во квалификациите за Лигата на Шампионите, кога во Белград беше 8:0 за „црно – белите“ а во Велс 4:0, па та со вкупни 12:0 Партизан се пласира во следната фаза. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата