Во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид-19 од кои 472 во Скопје, во Куманово 58,  Дебар-2, Штип-43, Прилеп-78, Тетово-61, Струга-29, Велес-32, Битола-87, Охрид-47, Кавадарци-32, Гостивар-22, Гевгелија-1, Струмица-39, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-10, Македонски Брод -10, Пехчево-1, Берово-9,  Валандово-5, Виница-2, Делчево-12, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-26, Ресен-17, Неготино-11.

Починати се 30 лица, девет пациенти од Скопје (46, 54, 59, 67, 82, 67, 55, 64 и 61г), двајца од Куманово (62 и 69г), еден пациент од Штип (72г), еден од Велес (78г), шест пациенти од Битола (60, 77, 38, 66, 72 и 39г), тројца од Гостивар (56, 66 и 63г), еден пациент од Гевгелија (65г), еден од  Струмица (77г), еден од Кочани (65г), двајца од Делчево (66 и 68г), еден од Кратово (65г), еден од Кичево (61г) и еден пациент од Неготино (84г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 58608, бројката на оздравени пациенти е 36064, на починати е 1630, а бројот на активни случаи изнесува 20914.