x

Уште еден удар за Србија: Капитенот Коларов најави повлекување од државниот тим!

srbija-kolarov

Никако да престанат лошите вести за фудбалската репрезентација на Србија и нејзиниот селектор Љубиша Тумбаковиќ. По повлекувањето на Бранислав Ивановиќ и Немања Матиќ, истото тоа го најави и капитенот на националниот тим Александар Коларов. Се разбира дека ова ќе биде уште еден голем, голем удар за амбициите на репрезентацијата на Србија во блиска иднина.

Коларов ми најави дека многу бргу ќе мора да се повлече. Има намера да го заврши овој циклус, а ако не се пласираме на ЕП 2021 тогаш секако дека тоа веднаш ќе го стори. Според мене неговата одлука е логична со оглед на неговите години“ изјави за српските медиуми Владимир Матијашевиќ, спортскиот директор на ФСС.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата