x

Уште еден претседател на Реал (М) е заразен со коронавирусот

Со коронавирусот се зарази уште еден поранешен шеф на Реал Мадрид, Фернандо Мартин. Шпанските здравствени власти потврдија дека поранешниот претседател на „кралскиот клуб“ е исто така заразен и бил примен на интензивна нега.

Тој во моментов има 72 години. Вестата доаѓа само неколку дена по смртта на Лоренцо Санц, кој не успеа да се справи со акутниот вирус. Во 2006 година, Мартин помина помалку од два месеци на чело на клубот од „Сантијаго Бернабеу“, заменувајќи го Флорентино Перез, а пред доаѓањето на Рамон Калдерон.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата