Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дабробосански Хризостом, чувар на патријаршискиот престол, вечерва е примен во Клиничкиот болнички центар „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во Белград, поради позитивниот резултат на тестирањето за вирусот корона, објави Српската православна црква (СПЦ).

Дабробосански митрополит Хризостом, како најстар митрополит на Српската православна црква, беше привремено назначен за поглавар на Српската православна црква по упокојувањето на Неговата Светост Српскиот патријарх Иринеј на 20 ноември.

Митрополитот Хризостом ќе биде поглавар на Српската православна црква до изборот на нов патријарх, кој, според Уставот на Српската православна црква, треба да биде избран во рок од три месеци од смртта на неговиот претходник.

Денес, Хризостом служеше света архиерејска литургија во Пеќката патријаршија.