Земјотрес со јачина од 4,2 степени забележан е утрово на грчкиот остров Самос, соопштил Атинскиот геодинамички институт.

Епицентар на земјотресот, кој се случил пред девет час бил на 13 километри североисточно од Самос, пренесува АНА.

Самос кон крај на октомври го потресе земјотрес кој го разори турскиот град Измир.

Во силниот земјотрес со јачина од 6,6, степени загинале повеќе од 100 лица.