x

Уште две тенисерки од ТОП 10 откажаа учество на УС Опен

svitolina

Украинката Елина Свитолина и Холанѓанката Кики Бертенс најавија дека нема да учествуваат на УС Опен оваа година. Претходно, првата тенисерка на светот, Ешли Барти, објави дека ќе го пропушти турнирот во Њујорк.

„Со оглед на сè што се случува, решив да не играм на УС Опен. Ги разбирам и ги почитувам сите напори направени од УСТА, организаторите и ВТА да го одржат турнирот, но не сакам да ризикувам , ни себеси и мојот тим со патување во САД“, рече Свитолина.

Бертенс се повлече од истите причини.

„Одлучив да не патувам во САД и да не учествувам на Синсинати и УС Опен. Ситуацијата со пандемијата на коронавирусот се уште е загрижувачка, а здравјето на сите е приоритет”, објасни седмата на ВТА листата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата