Уште две лица биле заразени со коронавирус во Франција. Станува збор за Французинка која се враќала од патување од Ломбардија во Италија и млада Кинезинка која се вратила во Франција од патувањето во Кина, соопштија властите.

Директорот на Министерството за здравство, Жером Саломон, изјави пред новинарите дека и двајцата пациенти се во болница и се во добра состојба, пренесе „Ројтерс“.

Со овие два нови случаи, вкупниот број заразени во Франција се искачи на 14 лица.

Од нив, едно лице почина, а 11 се излечија и ја напуштија болницата.

извор: Makfax