Рада Вишњиќ, учителка од основното училиште „Југославија“, чии ученици на часот по ликовно вопитување цртале Штрумфови, суспендирана е додека против неа трае дисциплинска постапка, пренесува „Вечерње новости“.

Учителката ја дознала оваа информација вчера попладне, кога дошла на работа.

„Додека трае постапката, нема да можам да се гледам со моите ученици на часовите. Одлуката не ме изненади. Во моментот единстцен проблем е што не знам колку долго би можела да трае суспензијата бидејќи во тој период нема да примам плата,“ вели Вишњиќ.

Детските цртежи биле нацртани во понеделникот на редовниот час по ликовно воспитување на тема цртање украси. Вишњиќ веднаш била свесна дека децаата го украсуваат омилениот јунак од цртавиот фил со тробојка, но тоа не ѝ пречело.

„Немавме намера да предизвикаме провокација, ниту омраза, туку љубов. Само малку си игравме. Учениците многу добро знаат за што станува збор, веќее имаат по десет години. Тие знаат се. Одат на литии “, изјави Вишњиќ.
Веле Штрумф, кого децата го нацртале на тробојки, стана нов симбол на борбата за зачувување на српските светилишта во Црна Гора.

Откако Штрумфови станаа хит на социјалните мрежи, директорката на училиштето, Биљана Вукмановиќ, изјавила дека таа институција не е место на кое отворено или прикриено ќе се демонстрира политичко дејствување.

извор: Makfax